Горан Ангелов е едно од имињата кое предизвика најмногу реакции меѓу деветте објавени кандидати за претседател пријавени на огласот на ВМРО-ДПМНЕ. Ангелов е актуелен извршен директор на депонијата Дрисла, која многумина од граѓаните ја сметаат за еден од најголемите загадувачи на воздухот.
Дрисла посебно се прослави откако во јавноста се дозна дека уште од 2000 година согорува медицински отпад во застарен модел на инсенератор купен од Велика Британија, и тоа без соодветен филтер. Неодамнешната анализа на „Радио Слободна Европа“ покажува дека и покрај забраната, Дрисла лани горела медицински отпад по 14 часа на ден, 365 дена во годината, притоа заработувајќи речиси 1 милион евра.
Ангелов беше назначен од италијанската „ФЦЛ Амбиенте“, со која Град Скопје и тогашниот градоначалник – Коце Трајановски, потпишаа договор за концесија на Дрисла во јануари 2013-та година.
Повеќе за него на Фактор.мк.