Директорот на ГОБ „8 Септември“ – Христијан Костов, на роднините на повредените во несреќата кај Карпалак им ги прочита имињата на оние што се вон животна опасност.
„Вкупно 32 повредени се примени во нашата болница, од кои четворица се на интензивна нега, во критична состојба, а еден е пренесен на торакална хирургија“, информираше Костов.
Имињата на прочитаните се: Никола Каранфиловски, Мерсем Незири, Есад Емрули, Алајдин Шабани, Јасмина Стојанова, Мети Бетим, Антонио Антониевски, Душан Стефановски, Љујзим Талипи, Мануил Трифуновски, Мухамед Шишко, Верица Стојановска, Серије Мустафи, Аличе Узеир, Горан Наумовски, Демира Али, Седа Јусуфи, Јетон Исмаили, Јолца Ибраими, Халид Усеини, Мичив Фекири, Јасмин Сејфули, Фикрије Стефан, Јована Грамтникова, Абаз Касанферди, Илија Ристовски, Дилала Алили, Абдул Исмаили и Љуљан Алили.