Дипломат торта

Лесен десерт, како измислен за топлите денови. Богата со овошје и витамини.

Состојки:

За пандишпан: 6 јајца, 150г шеќер, 50г какао, 100г ореви, 60г брашно, малку зејтин, ванилин шеќер

За фил: 1,5л слатка павлака, 100г шеќер, 300г свежо овошје (банана,киви, малини,јагоди), сок од портокал

diplomat

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па од белките сматете цврст снег со постепено додавање шеќер. Лесно измешајте ги во него една по една жолчка, брашното, зејтинот и ванилиниот шеќер. Дел од брашното може да се замени со мелени ореви во истата тежина. Кората печете ја во добро подмачкан калап на 200 степени, а кога ќе се олади исечете го на три дела.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Слатката павлака сматете ја со шеќер, па исфилувајте ја првата кора. Ставете сецкано овошје, па повторете ја постапката со останатите кори. Ако сакате помеки кори, натопете ги со сок од портокал. Пред сервирање добро оладете ја тортата.

Добар апетит!

- Реклама -