Научниците развиле техника за прецизно мерење на телесната температура на диносауруси. Истражувачите велат дека екстремно прецизниот метод за мерење на температурата на огромните суштества открива исто толку нови прашања поврзани со биологијата на диносауристе колку што одговара.
Американски и Германски научници развиле метод за мерење на телесната температура на сауроподите, џиновски тревопасни диносауруси кои живееле во Јура периодот пред околу 150 милиони години, преку анализи на хемискиот состав на 11 фосилизирани заби откриени во Танзанија, Вајоминг и Оклахома. Со помош на овој таканаречен хемиски термометар, истражувачите ја утврдиле телесната температура на возрасните Бракиосауруси, кои во просек биле долги околу 23 метри и тежеле околу 40 тони.
Нормалната температура на рептилите била 38,2 степени а температурата на друг малку помал сауропод, Камасаурусот, била 35,7 степени целзиуосови. „Ако би му се прибрижиле на жив сауропод и ако би го допреле, неговата температура би била многу слична на вашата“ изјавил Џон Еилер, професор по геологија и геохемија од Институтот за Технологија од Калифорнија во Пасадена и еден од авторите на оваа студија. Но Еилер вели дека проблемот е каков метаболизам поседувало животното.
Ако сауроподите имале ендотермички метаболизам, Еилер вели дека тоа би им овозможило сами да си ја генерираат телесната температура како цицачите. Суштествата кои имаат егзотермички метаболизам зависат од околната температура и ја складираат топлината во своето тело. Еилер вели дека моделите предвидувале дека сауроподите имале потопла телесна температура од онаа утврдена во најновата студија поради огромната телесна маса на суштеставата и претпоставката дека тие ја складирале својата топлина.
Еилер вели дека е можно овие џинови од Јура периодот – со нивните мали глави, долги вратови и огромни тела – да биле сè само не бавни, претпазливи животни. „Разумно е да се претпостави дека нивните ензими работеле ефикасно, бидејќи тие имале температура на која што знаеме дека животинските ензими работат ефикасно што би значело дека тие биле многу поживи. Она што не го знеме е дали и тие, како и цицачите и птиците, ја имале потребната метаболичка машинерија за ефективно регенерирање на енергијата, што би значело дека биле издржливи животни со добра кондиција.“ [Fossil studies show dinosaurs were warm-blooded]