Диносауруси и во Скопје: Зоолошката ќе добие свој Џурасик парк

Скопската Зоолошка градина ќе добие свој Џурасик парк, објави Фокус.мк. Зоолошката и Градот веќе се во преговори, а проектот за новиот „Дино парк“ веќе е во фаза на изготвување.

Информациите за „Фокус“ ги потврдил и Ѓорѓи Галетановски – директорот на скопската зоолошка.

 

„Да, точно е. Веќе преговаравме со градоначалникот Петре Шилегов да го донесеме овој парк во Скопје. Во европските и светските метрополи овие паркови се најатрактивните за сите деца, а и возрасните“, вели Галетановски.

Директорот објаснува дека се работи за парк со околу 50 диносауруси во природна големина кои испуштаат звуци. Се работи и на 3Д проект. Тој очекува Скопје да има свој „Џурасик парк“ веќе напролет.

- Реклама -