Тим од пет канадски научници идентификувале два нови видови на диносауруси од популарното наоѓалиште на фосили во јужна Алберта вклучувајќи и еден вид кој посочува на важен чекор во северно американската еволуција на мали тревопасни суштества од истата фамилија со трицератопс. Нецелосни остатоци од две суштества – едното најдено во Dinosaur Provincial Park источно од Калгари а другото во близина на границата помеѓу Алберта и Монтана биле откриени пред неколку години.
Но истражувачите предводени од Мајкл Рајан, куратор на палеонтологија на ‘рбетници во Природонаучниот Музеј од Кливленд, неодамна открил разлика помеѓу овие два фосили и сличните лептоцератопсиди од Канада и Азија. Тимот заклучил дека фосилот најден во близина на границата – два метри долго 90 килограми тешко животно познато како Грифоцератопс морисони кое живеело пред околу 83 милиони години – е еден од најстарите фосили од тој вид што наложува дека клучниот еволутивен развој и главната диверсификација кај фамилијата лептоцератопсиди се случиле во периодот Креда во Канада.
„Овие диносауруси пополнуваат важни празнини во еволутивната историја кај малите диносауруси со рогови кај кои не се среќаваат големите рогови и коскените плочки на нивните роднини како трицератопсот од Северна Америка“ рекол Рајан. „Иако диносаурусите со рогови потекнуваат од Азија, нашата анализа наложува дека лептоцератопсидите се прошириле во Северна Америка и почнале да се делат на повеќе видови и диносаурусите како грифоцератопс се едни од најраните нови форми на овој континент.“
Другите истражувачи кои учевствувале во откритието се палеонтологот Дејвид Еванс од Кралскиот Музеј од Онтарио и Универзитетот од Торонто, легендарниот ловец на диносауруси Филип Кири од Универзитетот од Алберта, Калеб Браун од универзитетот од Торонто и Дон Бринкман од Кралскиот Тајрел Музеј на Палеонтологија од Алберта. Кири бил оној кој, во 1995 година, ја открил фосилизираната вилица на претходно непознат диносаурус со рогови на локација во Dinosaur Provincial Park. Примерокот, кој првпат бил опишан од Кири и Рајан во 1998 година, сега бил идентификуван како посебен вид кој бил именуван Унескоцератопс копелхусе.
Тревопасниот диносаурус, кој би бил покус од два метри и би тежел околу 90 килограми, живеел во она што е денес Алберта пред околу 75 милиони години. Името на новиот вид било дадено за прославување на статус на World Heritage Site на UNESCO, кој му бил доделен на Dinosaur Provincial Park, и во чест на канадскиот научник Ева Копелхус, палинологист од Универзитетот од Алберта и сопруга на Кири. Фосилите на Грифоцератопс морисони биле откриени во 1950 година по текот на Реката Мајк во јужна Алберта од страна на Леви Стернберг. Името е дадено во чест на грифин, митолошко суштество со тело на лав и глава на орел, и техничарот Јан Морисон. [New dinosaur species help scientists fill in evolutionary gaps]