Димовски против Митрески: Законот за ЈО требаше да се усвои со Бадентеровото мнозинство

За несреќа на оној колега, координатор на СДСМ, кој не знам дали важи за слаб или добар познавач на процедурите, да разјасниме, пишува на својот фејсбук-профил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во полемија со Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ кој вели дека Законот за Советот на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство.

Митрески вели дека на листата закони кои се носат со двојно мнозинтво според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците не е Законот за совет на јавни обвинители.

„Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата. Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал Законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање. За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика…“, напиша Митрески на својот фејсбук-профил

На ова одговори Илија Димовски:

„Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на јавни обвинители не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со Бадентер… Но, во денешниот закон како прв член ја регулира употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка…

Тоа што прифатија сѐ што им текна на колегите Албанци за овој закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на сѐ што сторија минативе години…

Уставот на Република Македонија во неговиот амандман 10 регулира дека со Бадентер се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици…

Колегата треба да знае дека Уставот е највисок акт. Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму. Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со Бадентер…

Талат сам си најави дека овој закон се гласа со Бадентер. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа…“, напиша Димовски.

Извор

- Реклама -