Димитров со видео: Како се создаваше историјата

Денеска е остварено ветувањето и исполнета обврската кон основачите на државата – членовите на првото Собрание, кои уште во 1993 година го поставија како стратешка цел членството во НАТО.

Тоа не беше неизбежно, не беше ниту веројатно дека ќе се оствари, но се случи поради лидерството.

Една земја е силна колку што е силна нејзината apмија, колку што се здрави нејзините демократски институции, но и колку што има пријатели, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на социјалните мрежи, преку видео по повод денешното ратификување на протоколот за членство во НАТО во македонскиот парламент, кое ќе влезе во сила веднаш штом и последната НАТО членка – Шпанија, ќе даде зелено свето за влез на земјава во Алијансата.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Еве како се создаваше историјата, според Димитров:

Воодушевувањето Димитров го изрази и преку Фејсбук. „Ќе нѐ биде“, порача победнички шефот на дипломатијата.

- Реклама -