Димитров: Со почит и пријателство ќе најдеме начин Бугарија да не биде пречка, туку промотор на нашата евроинтеграција

„Јас сум убеден сум дека со Бугарија споделуваме крупни заеднички цели. Бугарското претседателство со Советот на Европската унија помогна многу во тоа да се донесе вниманието на Европа кон регионот и после цели 15 години од претходниот самит со Западниот Балкан да се одржи самит во Софија. Како соседи кои потпишаа Договор за пријателство, кој допира и до многу деликатни и емотивни прашања, за двете страни, во смисла на историјата, јас сум убеден дека ќе најдеме начин низ почит кон другиот и пријателство да не ги загрозиме овие важни цели“, рече министерот за надворешни работи – Никола Димитров, по заедничката прес-конференција со норвершката колешка – Ериксен Сореиде, која денеска е во посета на Скопје, одговарајќи на новинарско прашање околу реалната тежина на предупредувањата од бугарска страна дека ќе го блокираат евроинтеграцискиот процес на Македонија доколку заедничката комисија не постигне договор околу Гоце Делчев.

Прочитајте и:  Тензично пред Народниот театар во Софија: Претставата на Малкович го исмејува бугарскиот народ

„Убеден сум дека македонскиот успех, во смисла на европската интеграција, е многу важен и за соседна и пријателска Бугарија, и ќе најдеме начин ова апсолутно и да се оствари. Не само да не бидат пречка, туку и да бидат промотор, како што впрочем беа и минатата година во Советот за општи работи, како и неодамна на последниот, во Луксембург“, истакна Димитров.

Тој додаде и дека токму утре заминува за Софија, на состанок на Црноморската иницијатива, каде што се надева дека ќе има можност да разговара и за овие прашања.

 

- Реклама -