Кортни Стоден не престанува да ја бранува јавноста со нејзините контроверзни појавувања. Како и секогаш, така и овој пат, таа остави малку на имагинацијата. Овој пат 18 годишната старлета облече нешто што едвај може да се нарече фустан со оглед на тоа што за влакно не и се видоа целите гради, и едвај и го задскриваше задникот. За целиот имиџ да биде комплетен, Кортни како и секогаш се одлучи за вртоглаво високи потпетици со чија помош изгледаше повисоко од нејзиниот три пати постар сопруг, актерот Даг Хачисон (53). Неверојатно е да се поверува дека оваа девојка е родена во 1995 година, нели?