Дилан од Беверли Хилс…две децении подоцна

Во деведесеттите години Лук Пери беше симпатија на сите тинејџерки, а еве како изгледа денеска.

Ѕвездата од серијата „Beverly Hills, 90210“ што се емитуваше од 1990 до 2000 година, Лук Пери, и денеска не изгледа лошо. Папараците го уловија во Лондон со капа и очила за сонце. Но, под нив се препознава неодоливиот шарм на Дилан.

На фотографиите тој шета со бастун…но, не се грижете. Фотографиите се од снимањето на најновиот филм на 46-годишниот актер, комедијата „The Beat Beneath My Feet“.

Лук има две деца со Минди од која се разведе.

article-2451568-18991EE900000578-150_634x843

- Реклама -