ДИК ги соопшти неофицијалните конечни резултати, коалицијата „Можеме“ добива 46 мандати

Државната изборна комисија, на долгоочекуваната јавна седница, ги објави неофицијалните конечни резултати и впрочем ја потврди најавата на претседателот на комисијата – Оливер Дерковски, дека ќе нема големи промени од она што досега беше официјално соопштено.

Според ДИК, а врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии и целокупниот изборен материјал, дистрибуцијата на освоени гласови кај политичките партии кои ќе бидат дел од парламентот, изгледа вака:

• Коалиција „Можеме“ на СДСМ и Беса – 327.329 гласови
• Коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ – 315.344
• ДУИ – 104.587
• Алијанса за Албанците и Алтернатива – 81.297
• Левица – 37.551 гласови
• ДПА – 13.891

Во однос на дистрибуцијата на пратенички мандати во Собранието, нема промена од она што го покажа симулацијата на електронската платформа на ДИК некаде во раните утрински часови:

• Коалиција „Можеме“ на СДСМ и Беса – 46 мандати
• Коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44 мандати
• ДУИ – 15
• Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12
• Левица – 2
• ДПА – 1 мандат

- Реклама -