Дијагноза преку храна

хранаСите ние добиваме силни желби за одреден тип на храна. Но додека овие најчесто се показател за нашето моментално расположение, долготрајните желби би можеле да бидат позначајни. Елси Кембел, чиј рак на дојка бил откриен откако таа развила необичен апетит за салата. Нејзиниот сопруг бил поттикнат од нејзиниот необичен апетит, по што решил да открие што се крие зад него.

Џим Кембел, истражувачки научник, открил дека зелената салата содржи природна хемикалија, наречена сулфорафан, која ги напаѓа канцерогените клетки и чие ниво е ниско кај оние кои страдаат од рак на дојка. Тој точно претпоставил дека зависноста на неговата сопруга значи дека таа страда од болеста. Значи, што ви кажуваат вашите желби?

Желба: Чипс, Помфрит и Солена храна

Можна болест: Проблеми со тироидната или надбубрежната жлезда

Шона Вилкинсон, нутриционист од The Nutri Centre во Лондон, вели: „Силниот стрес влијае врз надбубрежната жлезда. Ако некој е под голем стрес, тие престануваат да ги произведуваат точните количини на хормоните како адреналин, кортисол и алдостерон. Ова може да ја наруши рамнотежата на сол во телото и објаснува зошто некои луѓе имаат потреба од сол.“
Исто така би можело да биде знак и на недостиг на јод. Ова е поврзано со проблеми со тироидната жлезда, вели Џинет Џексон, нутриционистички биохемичар. Тироидна жлезда со намалена активност може да предизвика летаргија, запек, зголемување на телесна тежина и депресија, додека зголемената активност може да предизвика пад на телесната тежина, анкциозност и нередовна менструација.

Желба: Мраз

Можна болест: Анемија

Потребата од мраз би можела да биде поврзана со анемија, недостиг на црвени крвни зрнца поради недостиг на железо потребно за нивно производство. Главниот симптом е недостиг на енергија. Според научниците од Мајо Клиниката во Америка, луѓето кои чувствуваат потреба за мраз за умртвување на болката на јазикот и воспалението предизвикано од анемија. Истражувачите откриле дека мразот има убав вкус за некои луѓе кои имаат недостиг на железо, но сè уште не знаат зошто.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Желба: Газирани пијалоци

Можна болест: Недостиг на калциум

Чувствувате потреба за нешто газирано? Зад тоа би можело да се крие неочекувана причина. Може да се работи за потреба од калциум, вели Шона Вилкинсон. „Газираните пијалоци црпат калциум од коските, па ако на телото му треба калциум што е можно поскоро, газиран пијалак е брз начин за негово ослободување во телото. Но ова е штетно за здравјето на коските па многу е подобро да дојдете до калциум од зеленчуци или млечни производи.“

Желба: Леб и тестенини

Можна болест: Депресија

Според истражувачите од Институтот за Технологија од Масачусетс во Бостон, луѓето кои го намалуваат внесот на јаглехидрати се подложни на промени во расположението. Исхрана богата со протеини може да го намали нивото на хормонот серотонин кој придонесува за добро расположение, но јаглехидратите го зголемуваат, со што ви помагаат да се чувствувате среќно.

Желба: Чоколадо

Можна болест: Депресија, стрес, предменструална тензија

Зошто посакувате чоколадо кога сте под притисок или се чувствувате нерасположено? Соединенија наречени алкалоиди откриени во чоколадото помагаат за подигање на нивото на серотонин – хормон кој го подобрува расположението. Чоколадото исто така е извор на магнезиум и В витамини, кои телото ги користи за создавање енергија, што значи дека може да ни даде енергија кога чувствуваме притисок.

Мала швајцарска студија открила дека јадење на 40 грама темно чоколадо секој ден во тек на две недели го намалува нивото на стрес хормонот кортисол кај луѓето кои се соочени со притисоци. Желбата за чоколадо би можела да биде и знак за предменструална тензија. Некои жени исто така забележале недостиг на магнезиум во овој период а чоколадото содржи големи количини од елементот, вели Шона Вилкинсон.Магнезиумот е витален за сè од нервите до коските и имунитетот. [After Elsie Cambell’s addiction to lettuce, what do food cravings say about health?]

- Реклама -