Дигитално радио до 2017

Повеќе...

Љубителите на радио изгледа ќе мора да почекаат уште неколку години додека овој уред не стане дигитален.


radio.jpg

Љубителите на радио изгледа ќе мора да почекаат уште неколку години додека овој уред не стане дигитален. 
Работната група за дигиталнотo радио (DRWG) изјавила дека до 2015 година бројот на оние кои ги слушаат традиционалните FM или AM фреквенции ќе се преполови. Ако дотогаш дигиталното аудио емитување се рашири во доволен број земји, масовното префрлување на дигиталниот радио уред ќе се случи најверојатно до 2017 година.
Претседателот на DRWG, Barry Cox очекува дека веќе во текот на предновогодишниот период ќе се продадат околу милион уреди за дигитално аудио емитување (DAB). Групата има намера да ги поттикне возачите да инсталираат DAB апарати во автомобилите, а нивните претставници истакнуваат дека владата треба да им овозможи да изработуваат поевтини уреди. [Radio could go digital in 2017]
- Реклама -