Дигитално образование во Кореја до 2015 година

таблетДо 2014 година сите материјали за основното образвоание во Јужна Кореја ќе бидат дигитализирани и до 2015 целиот школски материјал ќе биде достапен на компјутери, телефони и таблети.

Иако министерството за образование на Јужна Кореја сè уште ги нема објавено марката и моделот на направите кои планираат да ги купат, тие откриваат дека ќе потрошат 2,4 милијарди американски долари за потребните таблети и за дигитализирањето на материјалите. Некои училишта на полуостровот веќе користат учебници внесени во лаптопи, но кога се работи за избор на таблети, мали се шансите дека владата ќе одбере iPad или било која друга направа која се произведува надвор од корејскиот џин Самсунг.

Овој потег повторно актуелизира стара дебата, дали учениците учат подобро од екрани или од печатен материјал. Исто така важно е и прашањето малите направи имаат иста ефикасност како сегашните учебници кои имаат многу повеќе површина на секоја страница. Тоа можеби звучи како тривијален детал, но пред да се откажат од хардверските аспирации, производителите на таблетот Knо потенцираа дека ако треба да се заменат учебниците со нивните дигитални еквиваленти, тогаш се неопходни направи со четири пати поголеми екрани од iPad-от.

Според истражувањето поврзано со Kno „она што му е потребно на ученикот е нешто што верно ќе ги репродуцира големите учебници, без никаков компромис. Во контраст, обидот да се вметне цел учебник на помал екран е главната причина поради која претходните обиди за замена на учебниците со електронски направи како Kindle DX, биле крајно неуспешни.“

Што и да се случи, ова е потенцијално огромен профит за Самсунг. Учениците и владите се одлична публика. Сè додека продолжува подобрувањето на нивниот хардвер и софтер, тие можеби нема ни да мораат да се натпреваруваат со Apple; ова е цел нов пазар. [Samsung windfall: All of South Korea’s textbooks to go digital by 2015]

- Реклама -