Новиот сјај за усни Fuze Slenderize содржи состојки кои го убиваат
апетитот. Се продава по цена од без малку 20 долари, сега за сега, само
во Америка. Комерцијално е познат под слоганот: „секогаш на усните,
никогаш на колковите“, а покрај неговата улога во намалување на
апетитот, тој го забрзува и метаболизмот додека истовремено го
подига нивото на енергија.

Една од клучните состојки во производот е т.н. SuperCitrimax, што претставува екстракт од растение кој го убива чувството на глад и не дозволува внесените јаглехидрати во телото да се претворат во масти. Вклучениот минерал хром го забрзува метаболизмот, додека Л-карнитинот е амино киселина која дава енергија. Слични состојки се среќаваат во разните пијалаци кои имаат за цел да ги постигнат истите ефекти кај консументите.
Достапен е во три различни вкуса: боровница-малина, јагода-лубеница, питаја-лимон.
Експертите за диети сепак велат дека не може да се постигне брз ефект со производот. Се вели дека сјајот може да биде ефикасен само за оние кои веќе имаат преземено некои чекори во насока на намалување на нивната тежина.
Ова не е прв производ од ваков тип. Досега имало сјаеви кои го подигале расположението па и такви кои ги одвраќале пушачите од никотинот. Сјајот електронски може да се нарача од страниците на козметичката компанија Sephora.