Овој освежувачки пијалок, може да биде одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.
Зелениот чај можете да го збогатите со различни состојки, но ако сакате да изгубите килограми, најдобро е да го комбинирате со портокал. Овој пијалок го прослави познатиот доктор Оз, кој постојано истакнува дека една шолја чај во денот го забрзува метаболизмот за 12 проценти, го регулира шеќерот во крвта и го зајакнува имунолошкиот систем.
Знајеќи дека многумина не го сакаат специфичниот вкус на зелениот чај, подготвивме рецепт со портокал, што претставува идеална и слатка комбинација. Покрај прекрасниот вкус, ќе ве воодушеват и неговите ефекти – губењето на килограмите.
Состојки:
1 л. вода
5 кесички зелен чај
1 портокал
свежо нане
Подготовка:
Ставете ги кесичките чај во зовриена вода и оставете да одстојат три минути. Измијте ги портокалите и сецкајте ги на кругчиња. Додадете од листовите нане и ставете ја смесата во ладилник да се олади преку ноќ. Распоредете го консумирањето на напитокот рамномерно во текот на денот.