Летната сезона се смета за особено погодна, кога станува збор за соборување на вишокот килограми.
Оваа диета не треба да се почитува повеќе од 5 дена . Таа делува контраиндикативно кај некои болести на бубрезите и желудникот и затоа препорачлива е консултација со лекар. Треба целосно да заборавите за минералната вода и солените производи кои задржуваат течности во организмот.
Во текот на 5 дена треба да изедете околу 2,5 кг. лубеница. За појадок дополнително со неа можете да си овозможите порција мусли, за ручек – парче риба со зеленчукова салата, но вечерата треба да се состои само од голема порција лубеница. За овој период ќе слабеете со околу 8 кг.
Лубеницата содржи витамини од групата Б, витамин Ц, каротин, магнезиум, железо, калиум, никел. Во неа се содржи и т.н. добар холестерол.
Лубеницата е одлична за гаснење на жедта.