Диета на база на… Тетрис?

Ако водите постојана битка со желбата за масна храна и грицки и најчесто вие сте тие што излегувате поразени, имаме добри вести – пристигнува коњаницата. Научниците открија дека само три минути потрошени на една од најпопуларните игри – Тетрис, може да ја намали желбата за храна.

Според истражувачите на Универзитетот во Плимут, штосот е во тоа што играта бара константно внимание и го чува мозокот зафатен, па не му остава време да ги визуелизира грицките и благите, но и цигарите и алкохолот.

tetris

Истражувањето е спроведено врз група доброволци, кои биле прашани да оценат колку и како им се јавува желбата за храна. Потоа, половина од учесниците играле Тетрис во траење од 3 минути, додека другата половина чекала. Се покажало дека првата група имала цели 27 проценти послаба желба за храна, од оние што чекале.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Д-р. Џесика Браун, челникот на студијата, тврди дека играта може да им помогне на луѓето полесно да ја совладаат (лажната) потребата за храна, алкохол и цигари. „Епизодите (на неодолива желба за грицки и сл.), обично, траат по неколку минути. Во текот на тие минути, личноста најчесто посегнува по она што го намислила. Но, ако во текот на тие минути играат Тетрис, желбата стивнува”, вели проф. Џеки Ендрејд, дел од тимот на Браун.

Играта ја има во повеќе од 170 милиони примероци ширум светот, а ако сте немале причина да ја играте, сега имате.

- Реклама -