Како да истраете со диетата

Спремни сте да почнете нов животен стил и сакате да се ослободите од вишокот килограми и да се храните здраво. Започнувате диета во почетокот преамбициозно, а потоа доаѓа до нагло опаѓање на мотивацијата и целосен прекин на диетата. Зошто?

Одмор и стрес

Несомнено е дека за да се издржи една диета е потребна јака волја. Доколку сте под стрес и работите напорно, многу помала е веројатноста дека ќе истраете во својата намера. Нередновното спиење и недоволниот одмор се причина број еден зошто губите волја и неможете да истраете во диетата.

Семејство

Семејството може да ви биде огромна подршка во држење на диетата, но и огромна пречка. Не е лесно да држите диета додека вашиот брат на пример прави сендвич веднаш до вас. Не можете да им забраните на членовите од вашето семејство да јадат, но можете да ги замолите да уживаат во својата храна малку подалеку од вас.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Меѓуоброци

Меѓуоброците кои немарно ги внесувате во организамот во текот на денот можат да ја уништат вашата диета, или во најмала рака да ја забават. Јадењето грицки или колачиња меѓу оброците ќе го намалат ефектот на вашата диета, а со тоа ќе опадне и вашата мотивација за нејзино спроведување.

Објавено во соработка со За Здрајве.

- Реклама -