Ди Марија во Јувентус се враќа со нова голема тетоважа (ВИДЕО)

Анхел Ди Марија има големи заслуго што Аргентина ја победи Франција во финалето на Светското првенство, големиот мундијалски пехар засекогаш ќе стои на неговата нога.

Во финалето Ди Марија даде гол, а врз него беше направен и пенал, па тој беше еден од најважните за победата над Франција.
 
Ди Марија кој се уште е на одмор по големиот успех, одлучил да го посети својот омилен тату мајстор и да направи нова тетоважа посветена на Светското првенство.
 
Тој на својот десен бутен мускул го тетовира трофејот од Светското првенство.
 
- Реклама -