Таа во моментов има 46 години, па реши да прозборе за наголемиот страв на жените – стареењето и животот по 30-тите.
„На 30-тиот роденден со мене беа сите луѓе кои ги сакам и почитувам. Бев возбудена толку многу што се разделувам со својата младост”, изјави актерката.
„Оттогаш животот ми стана блаженство. Ако знаев дека по 30 ќе биде толку забавно, ќе го правев тоа уште на 22 години”, додава ѕвездата.
Џулија Робертс воопшто не се плаши од стареењето. Наместо тоа сака да се фокусира на својата кариера.
„Среќата има различни форми. Може да ве снајде и кога сте повозрасни, поинтелигентни, тогаш може да имате повеќе вредни пријатели или да го цените животот повеќе. Работам напорно на сетот и дома како мајка. Не ги бројам годините. Сите старееме “, изјави актерката.