Џорџ и Амал Клуни го чекаат првото дете!

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, познатата британска адвокатка Амал Клуни го чекаат првото дете, пренесува американскиот таблоид ОК, повикувајќи се на блиски извори на познатиот пар.
Актерот, кој се венчаше во септември во Венеција, ја соопштил радосната вест на своите родители.

„Неговите родители, Ник и Нина, прво мислеа дека е една од неговите шеги. Сега се среќни што синот ги уверил дека е сериозен“, навеле извори блиски на семејството.

Кога во 1993 година се разведе од Талија Балсам, Клуни се заколна дека никогаш повеќе нема да се жени и дека не сака да има деца.

 

- Реклама -