Џими Фелон и Џастин Тимберлејк рапуваат по петти пат

Доколку сте љубители на „The Tonight Show“, емисиите на Џими Фелон, тогаш сигурно знаете за повремените заеднички рап-настапи во придружба на Џастин Тимберлејк. Имено, во последната емисија на Фелон, тој заедно со познатиот актер и пејач по петти пат ја израдува својата публика со изведбата на „The History of Rap“. Доколку сметавте дека веќе изгубија инспирација за тоа кои песни да ги вметнат во своите настапи, се лажевте. Соработката продолжува, па не треба да бидете изненадени и доколку наското изненадат и со шесто издание.

- Реклама -