Џихадистите го срушија најстариот христијански манастир

Припадниците на екстремистичката организација „Исламска Држава“ го срушија најстариот христијански манастир „Свети Илија“, во Ирак.

Речиси 1.400 години манастирот „Свети Илија“, кој што е подигнат во VI век и се наоѓа недалеку од Мосул, ги преживувал природните непогоди и претставувал свето место во кое што монасите и луѓето се молеле со векови.

manastir

На влезот на манастирот врежани се грчките букви хи и ро (X и P), кои се први букви од името на Христос.

Пред да биде срушен манастирот се наоѓал на простор од 27.000 метри квадратни и иако му недостасувал покрив на поголем дел, имал 26 простории, вклучувајќи и светилиште и капела.

manastir2

Врз основа на фотографиите кои ги направила сателитската компанија Дигитал Глоб, аналитичар на снимката Стивен Вуд од Олсорс Анализа ЦЕО рекол дека камените ѕидови сега се „буквално во прав“ и дека смета дека до уништување дошло помеѓу август и септември 2014 година.

- Реклама -