Познатата актерка и заводливата русокоса, Џесика Симпсон, на нејзиниот Инстаграм профил објавила фотографии на кои ужива во друштво со своите пријателки а малку и се заиграла.
Во овој троен женски бакнеж, Џесика ужива со актерката Одит Анејбел и уште една девојка. Фотографијата на која девојките не ги кријат своите страсти, актерката ја нарекла „женска вечер во градот… додека нивните мажи гледаат“. Симпсон и Одита не се запреле па продолжиле да се сликаат во страсна прегратка и на тој начин покажаа колку навистина се сакаат.
Џесика пред само осум месеци го роди своето второ дете со својот иден сопруг Ерик Џонсон а како заштитно лице на програмата за здраво слабеење „Контрола на тежината“, се пофали и со својата витка линија.