Џесика Алба е вистинска сирена во новата насловна страна на списанието Entertainment Weekly.
Познатата атрактивна актерка излегува мокра од базенот во мало бело бикини со провокативен поглед, но таа инсистира дека нејзиниот секси имиџ е само акт.
Додака таа е позната по своето атрактивно тело истакнато во филмовите во кои се појавила, Џесика вели дека не го разбира нејзиниот статус на секс симбол и дека надвор од екраните е многу скромна.
Таа вели: „Јас сум срамежлива. Никогаш не „спиев“ на мојот пат низ Холивуд, па никогаш не сум се чувстувала компромитирана. Очигледно луѓето го прават тоа, јас не.“
Како и да е, на Џесика не и смета да биде во улоги на секси стриптизетки или танчерки, ако тоа го бараат нејзините улоги, како на пример ликот на Ненси Калахан во филмот „ Sin City: A Dame to Kill For.“
Таа вели: „Сексот е апсолутно она што помага да се продаде овој филм, што е во ред со мене. Јас исто така играм лик кој алудира на секс. Тоа е она што го работам, но тоа не сум јас.“