Дождливото време не може да ни го расипе летното расположение, а особено не откако ги видовме овие неверојатни фотографии на Џесика Алба, која ја краси насловната на јунскиот број на списанието “Shape”.
34-годишната актерка демонстрира совршена фигура во најактуелните модели на бикини за сезоната пролет-лето 2015.
На насловните страници на списанијата ѕвездите изгледаат повеќе од одлично, но како и сите нормални луѓе и тие вложуваат напори за да го задржат своето тело во добра форма.
Џесика покажува одлични извајани форми и открива што е она што ја тера да се чувствува секси.
Убавата мајка на две ќерки раскажува дека тренира напорно – по 5-6 пати во неделата.
Спортот и сонот ја тераат да се чувствува подобро.
„Тоа што работам на своето тело, прави да се чувствувам секси. А, не е ли тоа главната цел на секој кој сака да изгледа добро кога ќе ја соблече облеката и ќе се погледне во огледалото? ” , вели актерката.
Покрај тоа, таа раскажува дека по породувањето за една жена е од исклучително значење поддршката и односот на блиските кон неа.
„Љубовта на моето семејство прави да се чувствувам позитивно и секогаш сум во движење” , дополнува шармантната ѕвезда.
Кадрите алудираат за едно исклучително топло и секси лето, а ние немаме трпение да дојде овој период од годината.