Актерката Џесика Алба се соблече за најновиот број на списанието „GQ”, но само во костуми за капење.
Мајка на две деца, актерката Џесика Алба покажа зошто е една од најпосакуваните жени во Холивуд.
Таа ја откри и тајната на добар брак, бидејќи нејзиниот со Кеш Ворен важи за еден од најстабилните.
– Шест години сме во брак и не оддржува неверојатната количина на взаемно почитување и уважување. Исто така, ние и понатаму излегуваме како да сме во врска. Барем одете со партнерот во кино на филм и пуканки, супер е- рекла убавата актерка.