Пејачката Џенифер Лопез неодамна одлучила да стане веган, по примерот на колешката Бијонсе и Џеј Зи.
Таа се откажа од сите производи од животинско потекло.
– Не јадам јајца, млечни производи, ни месо, само она што доаѓа од земјата. Само ми недостига путерот- се пофалила пејачката.
Таа додала дека се чувствува подобро откога внимава што јаде и дека на сите им го препорачува овој начин на исхрана.
– Се чувствувам одлично кога наутро ќе ги отворам очите- рекла пејачката, која е позната по своите облини.