Познатите пријателки и хероини во серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон и Кротни Кокс, не се согласуваат кога е изгледот во прашање, односно затегнување на лицето со ботокс.
Џенифер наводно изјавила дека не е обожавател на инекциите ботокс, додека Кортни, која наскоро ќе полни 50 години, изгледа дека не може да се засити, пишуваат американските медиуми.
Анистон е личност која ги поддржува брчките и процесот на стареење, па верува дека луѓето кои на себе ставаат ботокс изгледат ужасно.
– Корнти е бесна на Џенифер бидејќи се исмејувала на нејзиниот изглед- рекол извор близок на актерките.
– Кога Кортни направила саркастични забелешки за својата колешка од серијата, Џенифер и вратила дека треба да се однесува во склад со своите години и да престане да се обидува толку да го импресионира нејзиниот дечко- додава изворот.
Анистон во таа прилика, наводно рекла дека жените како Кортни, кои не сакаат да излгедаат природно да стареат се навистина „сиромашни“.