Џенифер Хадсон: Синот ми го спаси животот после семејната трагедија

Џенифер Хадсон пред очите на јавноста преживеа голема семејна несреќа. Во интервју за магазинот Glamour, познатата глумица и пејачка откри дека сила за да ја преброди тагата ја пронашла во својот син.

Имено, во 2008 година, поранешната учесничка на шоуто American Idol ја изгуби својата мајка, својот брат и вникот, а убиството го изврши поранешниот маж на својата сестра.

jennifer-hudson-son-david-otunga-jr-2

Џенифер не сака да збори за оваа трагедија, затоа што и самата вели : „Бев тетка, имав мајка и бев нечие дете, но сите ги изгубив. Но затоа родив син. Давид кој има 6 години често му зборам: Ти ми го спаси животот“.

Таа во својата следна улога во фимот na Spike Lee, Chiraq, морала да се сретне и запознае со жени кои ја претрпеле истата трагедија. Она ја глуми улогата на Ирене, жена чија ќерка е убијена од залутен куршум додека идела на училиште.

 

- Реклама -