Џенифер Анистон најмила доктор за врски

Не е за верување дека една од најубавите жени во светот има потреба од специјалист за љубовни врски.

Факт е дека Џенифер Анистон ја најмила специјалистката по љубовни врски Сандра Хармон, пишува британското издание “Grazia”.

Таа има за задача да му помогне на нејзиниот вереник, Џастин Теру да ги надмине фобиите од бракот. Џен и Џастин Теру се свршени  повеќе од две години, а оттогаш во медиумите постојано циркулираат шпекулации во врска со датумот на нивната свадба.

wfw-2

 

Според некои извори 43-годишниот Теру бил сериозно загрижен од можноста да застане пред олтарот, иако неодамна тој лично изјави во интервју дека е не помалку нестрплив од свршеница да го направи тоа.

Повеќето терапевтски сеанси ќе бидат спроведени онлајн поради честите ангажмани на Џастин Теру во Њујорк. Пријателите велат дека Џенифер Анистон очекува многу од овие сеанси. Таа се надева дека тие ќе му помогнат на Џастин, кој имал 14-годишна врска со дизајнерката Хајди Биванс, да ги реши евентуалните проблеми.

o-JENNIFER-ANISTON-JUSTIN-THEROUX-facebook

- Реклама -