Пејачот Џејмс Блант неодамна гостувал во емисијата “Top Gear”, каде што покажа колку е вешт позади воланот, но исто така се изјасни дека тој учествувал во бомбардирањето на Србија.
Блант кој инаку имаше концерт во Србија во 2009 година, бил капетан во НАТО, а во една мисија од 1999 година бил стациониран во Косово.
– Ние, знаете, со право ги бомбардиравме Србите- рекол пејачот за време на гостувањето на последната епизода од “Top Gear”, предизвика лавина од смеа, но и многу негативни коментари подоцна на интернет откога снимката беше објавена.
Инаку, Блант своевремено се изјасни дека спречил избивање на Трета светска војна затоа што одбил да ги изврши наредбите.