Џеј Зи му порача на Канје Вест: Ќе ти бидам кум, ако…

Раперот Канје Вест (36) побара од својот најдобар пријател и колега Џеј Зи (44) да му биде кум на неговата свадба со Ким Кардашиан (33).

Најбогатиот рапер на светот, наводно, ја одбил таа понуда затоа што не сакаат да бидат дел од „медиумски циркус“.

– Ќе ти бидам кум ако можеш да ми ветиш дека никој нема да ме фотографира ни мене, ни Бијонсе, ни нашата Блу Ајви, а особено несакаме да бидеме дел од реална емисија на телевизија- рекол Џеј Зи на пријателот.

Screenshot_7

Со оглед на тоа дека Канје не може тоа да го вети, американските медиуми тврдат дека Џеј Зи го одбил кумството. Блиска пријателка на познатата пејачка открила за медиумите дека Бијонсе (32) го презира шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.

– На неа таквите емисии и се одбивни. Таа рече дека никогаш нема да биде дел од таков проект и никој не може да ја убеди во спротивното- тврди пријателката.

И Ким Кардашиан сакала мала приватна венчавка, но телевизиската куќа „Е“, која го продуцира нејзиното шоу, и понудиле милиони за емитување на свадбата во живо. Наводно веќе на потпишувањето на првиот договор се согласиле да ги споделуваат сите интимни ситуации со публиката, а така беше и со бременоста и пораѓањето на ќерката Норт Вест.

Screenshot_8

- Реклама -