Розовата боја симболизира женственост и романтичност. Што има поубаво од тоа некој да изгледа среќен и прекрасен? Џенифер Лопез не изненади многу пријатно со најновата визија за музичкото шоу American Idol, каде е дел од жири комисијата, облечена во тоалета целосно во бебешко розова, која и прилега фантастично.
Не можеме да одречеме дека ѕвездата изгледа врвно во секоја облека која ја облекува. Нејзините чевли се доста екстравагантни и шарени. Косата и е врзана во опавче, откривајќи го нејзиното убаво лице.
Не е прв пат таа да се појави во розова тоалета…
Според вас таа е повеќе слатка или секси? Носете повеќе розова боја во секојдневниот живот! Таа носи топли чувства и многу надеж.