Откога светот го опколи веста за конфликтот меѓу Џастин Бибер и Орландо Блум, тинејџерската ѕвезда продолжи да провоцира на Инстаграм.
Веќе ни е познато дека Џастин Бибер не е толку добро момче.
Конфликти, тепања, затворски казни, возење во пијана состојба… има од се по нешто, но последното од низата инциденти е оној со актерот Орландо Блум и тоа околу убавиот ангел Миранда Кер.
Тие двајца се пречекале пред еден ресторан на Ибица, а наводно паднале и некои удари- или барем туркања. По овој настан, Бибер на својот Инстаграм објавил секси фотографија од Миранда кој набрзо потоа ја избришал. Но, тоа не е сè.
По неколку часа објавил и фотографија од Орладно како брише солзи. Хм, се чини дека младниот Џастин е вистински провокатор.
„Поздрави ја Миранда од мене“, на крајот од инцидентот довикал Орладно и со тоа уште повеќе поттикна гласини дека меѓу нив навистина нешто се случило.
А можеби Миранда е само неисполнета желба на Џастин… како и да е, сагата продолжува.
Орландо Блум се уште не се изјаснил по инцидентот.