Има и кај нас цареви, не викам не… демек ќе не казни за уринирање на јавно место, па пустиот кога ќе види колку сме напраени зелки ќе се смилува, па ај што ќе не пушти, туку и до диско со марица ќе не однесе.
Полициската станица во Гејнсвил добива ретко глуп повик, за некои дечки кои „гласно“ играле кошарка. Праќаат еден од полицајците на смена да ја заврши работата. За среќа полицаецот е до толку кул што кога и самиот ја увидува ретардираноста на повикот, почнува да игра баскет со нив. Ај лажњаците, ама дека му го спуштија кошот за да закуца?
– Можете ли да поверувате дека некој пријавил во полиција деца кои играат баскет во маало, изјавил полицаецот кој по партијата им рекол на дечките да бидат барем малку потивки.
Видеово е снимано од полициската кола, а подоцна истото е објавено на официјалната веб страна на полициската станица. Под видеото напишале:
Пред одредено време добивме повик од лице кое се жалеше дека во неговото маало децата играле кошарка „гласно“. Го испративме полицаецот Вајт да ја извиди оваа ситуација. Ние сепак би се фокусирале на деца кои се занимаваат со поинаков вид на криминал.
Не им е лош ПР-ов, како за полициска станица…