Џамбазов: “Понекогаш плачам тајно поради тоа што немам деца”

Екипата на естрадниот магазин “Бекстејџ” го интервјуиралa македонскиот шоумен Игор Џамбазов, кој искрено зборувал за неговиот приватен живот, подемите и падовите, изгубената љубов, професионалните успеси и многу друго.

Тој изјавил дека неговата ера со пороците е завршена и дека веќе две години не ставил капка алкохол во устата.

“Заврши мојата ера со пороците. Се чувствува разликата и ментално и физички и вербално, мозокот работи 300 на час. Почнаа да ми текнуваат работи кои ги имав заборавено, а ги имав изгубено, стари лаптопи, тетратки…Почнаа да ми се појавуваат цели приказни. Можеби е перверзно јас да ве учам на здрав живот, но еве една порака до сите оние кои пијат – одземете од гаста и еден ден организмот сам ќе ви каже кога треба да прекинете”.

На прашањето дали жали што ја изгубил Искра, Игор вели дека жали што го изгубил тоа време:

“Не само Искра, туку и начинот на живот кој го имавме, пријателите, патувањата… Иако бракот полека умира, ми недостига тој заеднички живот, утринското кафе со некого, заспивањето со некого… Но, во следниот живот можеби ќе знам да се справам со жените, во овој не успеав како што треба”.

Освен за бракот, Игор Џамбазов зборувал и за тагата која ја чувствува што не се остварил како татко:

“Тоа е единствената работа за која навистина жалам и тажам. Пред некое време, еден познат актер ми го остави синот на чување, мораше да замине некаде и јас требаше еден час да го чувам. Дојде кај мене и ми хаправи хаос во станот и во главата. Татко му дојде по него, го изнесов малиот и му реков: “Срце, чичко Игор нема деца и понекогаш си плаче сам, тајно! Заради тоа кога ќе ми дојдеш ти на гости, многу се радувам што немам деца!”.

Инаку, кога станува збор за неговите тековни професионални ангажмани, Џамбазов периодов работеше на новиот детски телевизиски серијал “Дајте музика“, за кој ги напиша стиховите за песничките кои ќе ги пеат децата.

- Реклама -