Ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија, смета претседателот на Собранието на РСМ – Талат Џафери.
Во вчерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на „ТВ21“, Џафери посочи дека со Договорот од 2017-та и двете страни преземале конкретни обврски, за веднаш потоа Бугарија да постави нови услови. Според него, тие спорни точки, односно услови, се однесуваат на идентитетот и историјата
„Затоа сметам дека ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија“, вели Џафери.
Тој истакна дека Македонија има постигнато прогрес и ги исполнува условите за преговори со ЕУ. Решение со Бугарија, според него, е можно доколку се надминат спорните точки во историјата и политичките лидери гледаат напред и заедно ги реализираат задачите.