Викендов на косовската „RTV21“ премиерно се емитуваше 182. издание на „Којшија Шоу“, во кое гостин беше претседателот на македонското Собрание – Талат Џафери.
Некаде на половина на емисијата, на Џафери му се придружи народниот пејач Азис Морина, кој на Џафери му подари врамена карта на Голема Албанија (34:00 во видеото).
Иако во изразот на лицето на Џафери можеше да се прочита извесна доза непријатност, сепак тој срдечно се заблагодари и дипломатски се „извади“:
„Благодарам многу. Се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел – да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа“ – рече Џафери.
Веќе во следниот кадар, картата беше поставена на централно место пред камерите, на масата пред Џафери, каде што остана до крајот на емисијата.
https://youtu.be/miSnk3mECGw?t=2045