Девојките откриваат: Зошто е добро да се биде „сингл“?

Морате да бидете среќни во врска со самите себе, за да бидете среќни во врската со некој друг.
Љубовниот статус „сингл“ со текот на времето започна да носи одредена стигма. Луѓето кои сакаат да се занимаваат со туѓите животи ги поставуваат прашањата: „Зошто“, „До кога“, а оние кои ве тешат ви велат „Ќе биде“, или најлошото „Многу си пребирлива“. Токму од тие причини неколку девојки без постојан партнер одлучија да одговорат зошто избрале да бидат сами.

1. Сама сум бидејќи не сакам да се согласам на помалку од она што го заслужувам. Се уште не сум пронашла партнер кој во целост ќе ме освои.

2. Сама сум затоа што тоа е мој избор. Не треба никој да ми го потврди она што веќе го знам, а тоа е дека сум неверојатна, убава и грижлива жена.

3. Пред да пронајдам партнер треба да поработам на себе. Не сакам за другите да поставувам високи стандарди, доколку самата не можам да ги исполнам.

4. Сфатив дека секогаш се поврзувам за емоционално недостапни момци, па решив да направам пауза од врски.

5. Уште не сум сретнала маж, крај кој би помислил „Да бидам со него, е подобро отколку да сум сама“.

6. Сингл сум бидејќи имам се што ме прави среќна, барем засега.

Lonely girl with suitcase at country road.

7. Се уште не сум го запознала вистинскиот, а не сакам да ја играм играта „Имам дечко, иако не ми вреди ништо“.

8. Сега знам нешто што порано не сум го знаела, сега сум избирлива. Моментално сум фокусирана само на себе, на својот емоционален и духовен прогрес. Не планирам да бидам засекогаш сама, но не сакам ни да форсирам.

9. Секој пат кога ќе излезам со некои – тоа не се мажи, тоа се деца. Тешко е да се пронајде некој кој научил многу од своето минато. Истотака, тешко е да се пронајде некој кој знае што сака и нема да побегне доколку се појават проблеми на патот.

10. Имаше многу разочарувања во мојот љубовен живот. Убава сум, паметна и најважно од се, среќна сум што сум некое време сама.

11. Сакам контрола над животот и парите. Да се биде „сингл“ значи дека не морам постојано да објаснувам како го трошам своето време.

Are-Indian-Single-Women-Over-30-Really-Happy1

- Реклама -