Ниту светските супермодели не изгледаат совршено. Тоа ни го докажа фотографијата од славната Кара Делевињ, на која беше снимен целулит.
На доделувањето на британските модени награди, во Лондон, Кара (22) освои награда за модел на годината. Манекенката се појави во креација на Том Форд, која откриваше повеќе отколку што сокриваше.
Иако манекенката изгледа одлично, и таа има целулит.
Под општиот притисок да изгледаме како моделите од насловните страни, губиме од самодовербата.
Сепак, и моделите се само луѓе и не можат да побегнат од природата.