Додека Даниел Кајмакоски ја бодри нашата репрезентација во Катар, тој исто така и одлично се забавува.
Доказ за тоа се фотографиите кои што ги објавува на социјалните мрежи, од кои една особено ни го привлече вниманието.
Се работи за фотографија на Даниел со еден од евровизиските победници низ годините и тоа, најсимпатичниот Алекандар Рибак од Норвешка, кој ја освои сцената во 2009 година.
Во случај да не се сеќавате не него, правиме времеплов до бајковитиот настап на големата сцена.