Девојки, направете си прекрасни цветни круни

Пролет, време на зеленило, сончеви зраци, и цвеќиња. Период во кој девојките ги затвораат во ормарот топлите зимски облеки, и се подготвуваат за тенката и лесна гардероба.

Како што во мода се цветните дезени, така, и сите детали поврзани со цвекињата ќе ве претворат во сончева пролетна принцеза. А за да бидете комплетни, секако, потребна ви е и нежна цветна круна.

Но, наместо да го испразните паричникот за овој прекрасен моден детаљ, ви советуваме да ги го направите самите, со тројно помали трошкови. Се што ви е потребно е креативност, труд и посветеност, и за половина час ќе имате неверојатен декор на вашата коса.

DIY_Silk_flower_crown_materials

Потребно:

– Вештачки цветови, кои сигурно ќе можете да ги пронајдете на најблискиот пазар;
– Ножици;
– Лепак;
– Растегливо венче за коса.

DIY_Silk_flower_crown_steps

Постапката е следна:

1. Ги сечете непотребните детали од цвекињата;
2. Ги местите на растегливото венче по распоредот кој најмногу ви се допаѓа, и ги лепите внимателно и постепено, едно по едно, чекајќи добро да се исушат;
3. На крајот, поминете ги уште еднаш со лепак, за да бидат позацврстени, или пак цвет по цвет, сошијте ги со тенко парче конец.

Лесно и прекрасно, нели?

- Реклама -