Книга: Девојката што го урна осилото

Девојката што го урна осилотоКрајот на годината ќе го донесе и крајот на една од најуспешните и најчитани книжевни книжевни остварувања – трилогијата „Милениум“ од шведскиот автор Стиг Ларсон. Големиот светски (и македонски) хит буквално го сврте умот на преку стотина милиони читатели, со што стана една од најуспешните книжевни дела на денешницата.

Третиот дел, што носи наслов „Девојката што го урна осилото“, е уште една неверојатно возбудлива приказна со која Ларсон ја заокружува приказната за Саландер и Блумквист, за тајните на шведското општество, за корумпираноста на институциите и за финансиските проневери на големите компании, и за крајностите на човечкиот ум.

Лизбет Саландер крои одмазда – и против човекот што се обиде да ја убие, и против државните институции што речиси и го уништија животот. Но тоа нема да биде отворена борба. Ранета со куршум во главата, Саландер е под строг надзор во Одделот за интензивна нега, а доколку излезе оттаму ќе мора да се соочи со обвинението за три убиства и еден обид за убиство. Со помош на репортерот Микаел Блумквист и неговите истражувачи во магазинот „Милениум“, Саландер не само што ќе мора да ја докаже својата невиност, туку и да ги препознае и да ги разоткрие корумпираните политичари што дозволија ранливите да станат жртви на злоупотреба и насилство. Некогаш одамна жртва, сега Саландер е подготвена да се одмазди.

Романот „Девојката што го урна осилото“ е маестрален завршеток на најуспешната книжевна трилогија на денешницата.

Девојката што го урна осилото
„Обожавателите нема да бидат разочарани, бидејќи ова е уште едно вртоглаво возење кое ќе ве држи будни до доцна навечер – со заплетканиот но беспрекорен заплет, комплексните ликови и уверливиот, јасен морален став“.
Ивнинг стандард

„Темпото ни најмалку не попушта во овој неверојатно возбудлив роман. Ова е силен и уверлив заклучок на неизмерно амбициозната, раскошно напишана трилогија“.
Дејли експрес

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Долг пат до дното“ се:

1. Владо Димовски
2. Ана Каевска
3. Аријана Ајдар

- Реклама -