Девојката од Карпош која заврши со момче од село

Не сум фраер, не сум убав, имам чиста душа, љубов и разбирање…Се заљубив во девојка недостижна за мене.Живеам во Илинден гледам дека кога ќе го спомнам местово сите превртуваат очи, да знам село е, но местото не го прави човекот.Мојот најдобар другар реши да прави дома забава.Меѓу поканетите беше ти, девојката од Карпош која очигледно не знаеше како стигнала да селово наше.

Ти се приближив, заблежав дека си тешка за освојување тоа и ми се допадна.

Од каде си? прашав.

Од Карпош, рече таа.Имате петли овде во селово.Ахаха, да имаме не будат рано насабајле наместо аларм, ме погледна чудно очигледно мислеше дека нема да и вратам на нејзината провокација.

Ок, а кај излагате овде…Па на сред село(АХАХАХ), каде е шемата таму одиме.Ми стана интересно нејзиното глумење на недостижност….Интересен си ми рече.Тоа е што да се прави и во село има момци кои може да бидат интересни и да „одгледуваат кокошки и кози“…

Се насмевна, забавата продолжи се оделивме мојот поглед ја следеше.Време беше да си замине помина покрај мене и ми рече па се гледаме некогаш во Центар ако патот те носи.

Да, да секако работам во еден стан со моите другари па може да се видиме, ми го даде бројот.

Собрав храброст наредниот ден ја побарав и се договоривме да се видиме на кафе.

Си помислив, колку е убава, но тешко ќе може да се разберам со ваква задигана девојка.

Што работиш ме праша.Работам со гипс картон…ти?

Работам во приватна фирма, за графички дизајн, топ е колгиве се млади супер друштво сме.Се шетаме за викенд во Банско, имам кола, понекогаш одиме во Маврово таму имам викендица…ти кај излагаш, кај се шеташ?

Па искрено во кафани и чат-пат во диско, не одам за викенди во Банско.

Ме погледна со чудење.А, работава како ти оди заработуваш дволно, и реков да дури повеќе од потребното некогаш.Се заинтересира.Разговарајќи сфатив дека јас за нејзе сум само едно момче кое подалкеу од Скопје не излегло, момче кое нема што да и пружи ако започнеме врска.

Знаеш интересен си, но не гледам надеж за нас двајца, јас сум градско дете, ти си многу далеку од мене среќно момче ми рече.

Останв збунет, не верував какво понижување доживеав…Поминаа години одвреме навреме погледнував во нејзиниот профил на Фејсбук, се редеа слики од забави Грција, Шпанија….Меѓувреме станав газда, почнав со приватен бизнис си купив стан во Капиштец и кола.Постојано во мислите ми одекнуваа нејзините понижувачки зборови.Сакав да и се јавам, но тоа за мене ќе беше пораз, зар таа девојка може да сака некого кога и смета каде некој живее, што работи и колку заработува.

Наскоро дознав од другар дека се верила.Ми стана тешко. Го распрашва, но ништо не знаеше.

Поминаа години среќно се оженив и добив две дечиња.Така еден ден купувајќи цигари од трафика на автобуска саница налетав на нејзе.Девојката од Карпош беше натоварена со ќеси.Се направи дека не ме познава и пријдов.

Здраво како си, ме погледна, еј ти си не те познав многу си се изменил, еве добро, ти? еве супер. Да не ти треба помош ја прашав. Не, фала чекам автобус.Ја погледнав ми падна чудно.Кај одиш? Ја наведна главата, и со срамење ми рече чекам 47-мица до Љубанци таму се омажив.

Ах, ок се најубаво, поздрав.Останав занемен, а таа ја наведна глават и си седна на клупа.

Не за џабе се рекло тој што високо лета ниско паѓа.Од тоа што бегаш тоа ќе ти дојде.

via

- Реклама -