Delfina Cedeno (19) од Доминиканската Република пред четири години се соочи со чудни симптоми, нејзините солзи и пот се претвораа во крв. Имено, било воостановено пореметување на лачење на вишокот од адреналин. Таблетите против анксизност сега ја држат болеста под контрола.
„ Кога започна сево ова, бев исплашена и во огромен шок. На почетокот никој не можеше да ми помогне, ме гледаа како да сум луда кога им раскажував што ми се случува. Само кога прокрваев пред очите на еден доктор, ме сфати озбилно“, вели Делфина.
Пореметувањето со текот на времето станувало се посериозно и дошло до опаѓање на косата, а едно крварење траело дури 15 дена, поради што на Делфина и била неопходна трансфузија на крвта. Болеста на почетокот ги збунувала лекарите кои и после бројните тестови не ја знаеле причината на овие симптоми.
Делфина Цедено многу се срамела од својата болест, дотолку што не сакала да излезе од дома, а го напуштила и училиштето.
„ Луѓето се плашеа од мене, мислеа дека ќе ги исфлекам со крв само ако ме допрат. Децата ме исмејуваа, паднав во депресија. Со намера да „избегам“ од болеста се предозирав со седативи. Сакав да умрам. Мојата фамилија ме пронајде во спалната соба со пена на устата. Завршив на интензивна нега и кога се разбудив лекарот ми кажа дека сум доживеала клиничка смрт“, раскажуваа таа.
„ За некое чудо се извлеков, а после сето тоа мојот живот тргна на добро“
Неколку месеци по овој настан Делфина го запознала сегашниот дечко Рекарис Авилу кој ја посетил во болницата, откако ја слушнал нејзината приказна.
„ Ми рече дека сум убава, тој момент нема да го заборавам“, вели таа.
Нејизниот дечко Рекарис вели дека е среќен.
„ Заљубен сум, за мене е сето ова нормално. Не се грижам, бидејќи сум среќен човек“, вели тој.