Повредените жртви, каде повеќе од дваесет деца беа меѓу повредените кога беа нападнати од пирани во Аргентина. Седумгодишно девојче изгубила дел од прст а другите пливачи претрпеле длабоки рани на нивните зглобови, присти и раце.
Нападот се случил на топол ден за Божиќ на популатна плажа на реката Парана во градот Росарио, родното место на напаѓачот од Барселона, Лионел Меси. Пливачите, кои се обидувале да се оладат на жешките 38 степени температура, истрчале од водата крварејќи од раните и викајќи по помош. Крајбрежната стража повикала брза помош за да им помогнат на повредените, а полицијата привремено ја затворила плажата, принудувајчи ги останатите луѓе кои продолжиле да пливаат и покрај опасноста, да излезат надвор од водата.
Нападот од видот на пирани наречен палометас, е најсериозниот од ваков вид во градот по 2008-ма година, кога 40 пливачи биле повредени.
Портпаролот на локалната самоуправа Рикардо Биасати го опиша нападот како реткост; „Овој вид на настан во оваа област е апсолутно случаен. Тоа беше комбинација на два фактора, јато пирани кои поминувале на кратко низ оваа област полна со луѓе.“
Пираните напаѓаат во јата и можат да соголат леш за неколку секунди.