Мало девојче ја засенило невестата, кога самото се ставило во улога на невеста

Тешко на оној кој  ќе се обиде да и ја „украде“ славата на невестата. Меѓутоа, на ова девојче му појде од рака да стане ѕвезда.

Фотографот Леа Булард присуствувала на венчавката на Антонија Палерма и Мишел Хол во Кноксвил, во американската сојузна држава Тенес.

Четиригодишната ќерка Андерсон станала ѕвезда на церемонијата и апсолутен хит на интернет, а нејзината мајка не и се налутила.

Имено, во текот на вообичаената церемонија кога свештеното лице рекло „ Сега можете да се бакнете“, малечката Андерсон целосно се ставила во улогата на невеста. Таа го зграпчила првиот слободен дечко до себе и го бакнала право во уста.

Погледнете како изгледала оваа симпатична ситуација, која младоженците, а богами и малото момче долго ќе ја паметат и прераскажуваат.

- Реклама -